МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Активности кои следуваат во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ во деновите кои доаѓаат:

-Петок, 4 ноември 2022, од 19 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на дела од учесниците реализирани на Интернационална Crown Art колонија. Колонијата се реализираше во Неа Скони во Грција, со учесници од Македонија, Турција, Србија, Грција, Бугарија и Германија.

Сопственици и финансиери на ликовната колонија: Татјана и Тони Илиоски Македонија. Куратор на ликовната колонија: Владимир Темков Кавадарци Македонија

Изложбата е дел од “Кавадаречка културна есен 2022“.

За колонијата организаторите на колонијата семејството Илиоски, сопственици на Хотелот, ќе кажат: “Природната убавина која Бог ја створил, човекот од дамни времиња се труди да твори и да ја одржува со многу грижа, љубов и внимание.

-Во среда, 9 ноември 2022, од 19.30 часот, во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци започнува манифестацијата “Месец на Театарот“, која се одвива во рамките на “Кавадаречка културна есен 2022“, под мотото “Култура е...“

Во рамките на “Месец на Театарот“ љубителите на театарската уметност ќе можат да ги погледнат следните претстави:

9 ноември, 2022, среда - “Покондирена тиква“ на Театар при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци

10 ноември 2022, четврток - “Душички - Брачна игра“ - Премиера на продукција на “Златен заб“ Скопје

14 ноември 2022, понеделник - “Како да (не) снимиш мрсен филм“ на Театар при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци

15 ноември 2022, вторник - “Синиот портокал“ - Народен театар “Ј.Х.Џинот“, Велес

17 ноември 2022, четврток - “Име“ - Театар при Дом на култура “Македонија“ Гевгелија

22 ноември 2022, вторник - “Пациенти“ - Театар “Провокација“ Скопје

28 ноември 2022, понеделник - “Секс и лаги“ Народен театар Куманово

Сите претстави започнуваат во 19.30 часот.

Марјан Тодоровски-Дом на култура Кавадарци

314026874_640290934407932_4525171623184784923_n 310291926_630210578740947_8826197402520237446_n