МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Талентираниот матурант Пане Хаџи Василев од Кавадарци, вели дека црта откога знае за себе, а моливот и нотесот се негови постојани придружници.Негово секојдневие е правењето некоја ликовна интервенција.

Во неговото семејство сите биле или се спортисти, но тој е уметничка душа, вели се метнал на пра-пра-дедому.Позитивната енергија Пане ја црпи од домот на неговите баба и дедо во родниот град каде што живее.Неговата прва самостојна изложба на тема „Подводен свет и анатомија“ беше во февруари минатата година, а годинава според најавите, подготвува нова која ке биде на тема:Слобода, коњи и природа.

Од пред две години тој работи и 3Д-цртежи, кои му претставуваат посебен предизвик. Овие негови дела секогаш се духовити и оставаат можност секој набљудувач на свој начин да ги толкува и доживува. Оние што добро го познаваат ова талентирано момче му прогнозираат успешна иднина како дизајнер или ликовен илустратор.Деновиве се сретнавме со него и ни откри: По завршувањето на средното училиште планира да патува за Шпанија-да се да се запише на Факултет за уметнички дизајн во Барцелона.

Но еве што во интервјуто за www.rtk.mk ни рече Пане деновиве кога разговаравме за повеке работи кои не интересираа за него: