МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За неполни шест месеци (јануари- јуни 2023 година) точно 819 граѓани на Кавадарци на побарале уверенија за да се стекнат со право да работна дозвола во земјите од ЕУ или друга држава.За неколку месеци интересот за работа во странство е порасна за повече од двојно.

Податоците се официјални и ги добививме денеска од Основниот суд во Кавадарци и увренијата се издаваат без поголемо чекање на граѓаните.

Конкретно 429 граѓанин заминале во Хрватска- главно на приморјето каде работната рака е на цена а потоа следуваат,Бугарија 84,Словенија 82,Словачка 59 ,БиХ -26,Германија 34 потврди,САД 30,Франција 14,Црна Гора 14 и така натаму.Увренијата за работа ке се бараат за вработување и подобра плата во Швајцарија,Малта,Италија,Холандија,Австрија,Мексико,В.Британија,Србија, Данска,Грција,Шпанија, Канада, чешка,.Италија и други земји.

Се претпоставува дека еден дел наши сограѓани работат и на црно.Така што бројката е поголема.

Според анализа на познавачите на состојбата и условите кои ке се создадат на пазарот на труд , бројката од март 2023 е далеку поголема од ова и се оечекува ви иднина да расте и побарувачката на работна сила особено во туристичките и земјите на ЕУ.

Зошто се оди во странство.?!...

Пред се за подобра плата која ја добиваат неделно или месечно.Во некои земји според сведочења, и најави на сограѓани тие добиваат од 1.200 до 3.500 евра чиста плата, со обезбеден стан и храна.Притоа имаат можност да имаат одмор,храна, см естување ако е е Храватска или Црна Гора или Албанија во прашање.Засега во Хрватска се наоѓаат намногу наши сограѓани, и тоа цели фамилии, и таа е најпосакувана дестинација за работа;во ресторани, хотели,и разни други туритички понуди на ова земја каде нема поголеми јазини бариери. Диоминира

Веќе има најави за работа во странски земји и земји од ЕУ за сезонска работа за плата од 3.000 до 5.000- евра за посебно добро платени занимања.

Познавачите на приликите велат дека овие наши сограѓани нема да се вратат во Македонија.?!!!...

244BOMO-ZOE-TRIPITI-NASLOVNAfloria_beach__ex_gorgulu_kleopatra_

м.д.