МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ НА БАРАЊЕТО

„Б А Р А Њ Е

Од Регионално Здружение „Тиквешки Лозаро Овоштари“ Кавадарци

Бараме од Градоначалникот, г-дин Митко Јанчев во најбрз рок да го повика Советот и да се разгледа нашето барање; Да се формира Комисија за проценка на штетата на лозјата и грозјето кои се настрадани од невремето во месеците Мај и Јуни, 2023 година, од постојаниот дожд кој предизвика инфекција, болест пламеница и оштетување на грозјето и лозовите насади, со оштетување на над 50% од површините; Да им се овозможи на оштетените лозари да поднесуваат барање за проценка на штета врз нивното грозје со број на катастарски парцели, за полесна идентификација. Да излези новоформираната комисија на терен, да изврши реална проценка на штетата и истата да ја достави до Парламентот на Република Македонија за обештетување на лозарите, затоа што вината не е наша, ние вршевме дупла заштита, но не успеавме да го спасиме во целост овогодишниот род; 4. Бараме Советот да расправа за неколку барања од лозарите и истите бидат доставени до Владата; 5. Бараме од Владата веднаш исплата на средствата за 2021 година. Имаше прогласено елементарна непогода од Општина Кавадарци и Општина Неготино, и истите средства бидат пуштени веднаш; Да се исплатат ветените 2 денари/кг. грозје продадено во винарија или пункт, за 2022 година, веднаш; Редовните субвенции за оддржување на лозов насад 40,000ден. до хектар и 48,000 денари над хектар, да не бидат условувани со продажба на грозје во винарија затоа што сме оштетени, туку да се исплатат по старо со потпишување на изјава во Министерството за земјоделие, подрачна единица – Кавадарци; Државата е должна да се грижи од невреме, од град, и да се грижи за исправноста на авионите за засејување на градобитните облаци и да се активираат ракетните пунктови за разбивање на градобитните облаци, бидејќи до берба не знаеме што не чека.

Регионално Здружение„Тиквешки Лозаро Овоштари“ Кавадарци

Претседател Дане Јошев

Контакт: 072 422 193 „

-СЕ наведува во барањето од Регионалното Здружение.

file