МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ќе се реконструира патниот правец Мрежичко - Мајден во Кавадаречко, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во рамките на седница на Општинскиот Совет.

- Последната информација што ја имаме како општина, е, дека, преку Агенцијата за патишта, се одобрени 30 милиони денари за реконструкција и рехабилитација на патот Мрежичко - Мајден. Во наредниот период треба да излезе комисија од Македонија пат и Агенцијата за патишта, со тие 30 милиони денари да се види до каде ќе може да се реконструира. Јас верувам дека би стигнале до населбата ,,Свети Петре" и до самата капија на рудникот Ржаново, соопшти градоначалникот.

Јанчев нагласи дека тој патен правец е во многу лоша состојба. Станува збор за патен правец што води до светски познатиот рудник Алшар, но и до планираниот граничен премин на македонско - грчката граница, Пулевац, на територијата на општината Кавадарци.

download (1) download