МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

– Ракометарите на ГРК Тиквеш и оваа сезона ќе настапуваат на официјални натпревари и ќе тренираат со спортската опрема која ја добија како поддршка од DRӒXLMAIER. Комплетни дресови, опрема за тренинг и патување, јакни, торбици и останати потребни реквизити се дел од опремата која компанијата за ГРК Тиквеш ја обезбедува четврта година по ред.

DRӒXLMAIER го поддржува спортот во континуитет

-Поддршката на спортистите и спортските клубови е дополнителна стимулација за развојот на спортот во регионот, а особено за поттикнување на младите луѓе да спортуваат и да бидат сѐ повеќе физички активни во време на брза дигитализација.

„На ракометарите им честитам за досегашните успеси и им посакувам многу нови во иднина. Дисциплината, посветеноста и пред сѐ љубовта кон она што го правите со сигурност ќе вродат со плод“, им порача Генералниот директор на DRӒXLMAIER Македонија, Лукас Мирингер на ракометарите за време на официјалното примопредавање на опремата. “Драго ни е што имаме можност неколку години по ред да го поддржиме клубот во насока на обезбедување соодветни услови и можности за ракометарите да тренираат и да играат официјални натпревари“, додаде Мирингер.

Поттик за младите луѓе да спортуваат

Ракометарите и стручниот штаб упатија голема благодарност до DRӒXLMAIER како општественo одговорна компанија која е верен поддржувач на спортот и спортските клубови во регионот. „Голема благодарност до DRӒXLMAIER што и оваа година ни овозможи нова спортска опрема и реквизити, така што ќе го продолжиме нашето натпреварување со надеж за уште подобри и повисоки резултати. Ракометарите како и останатите спортисти се промотори на спортот, а наша цел, исто така, е да бидеме добар пример за младите генерации“, рече Ратко Мицев , член на Управниот одбор на ГРК Тиквеш.

DRӒXLMAIER, како глобално активна компанија и понатаму продолжува да го поддржува обликувањето и подобрувањето на областите околу своите локации од социјална, културна и економска перспектива. Преку посветеност на широк спектар на проекти, компанијата дава придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.