МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Почитувани земјоделци. Ве известуваме дека оваа година има нов модул на аплицирање по програмата за директни плаќања за 2023 година. Основна и дополнителна мерка. Основната мерка веќе ја аплициравме во мај и јуни месец. Секој земјоделец кој поднел единствено барање за 2023 година, ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба повторно да направи електронко пријавување за дополнителните субвенции по површина со предадено производство. Аплицирањето започнува од 28 ноември и трае до 25 декември 2023 година. 1. Остварено производство на ГРОЗЈЕ (секој еден земјоделец пријавува со изјава, без норми за произведено грозје и е препорачливо секој земјоделец да ја има точната количина на предадено грозје било откупувач или преработувач) 2. Остварено производство на ОВОШЈЕ ( исто така нема норма за произведеното овошје и се пријавува со Изјава чии документ е направен од самата институција АФПЗРР ) 3. Остварено производство на пченица, јачмен ( со производство од 3000кг/ха и истото е продадено или предадено со пропратни документи) 4. Остварено производство на домат, пиперка, краставица, корнишони, зелка, грав и компир ( се пријавува со изјава со ограничување на оствареното производство) 5. Остварено производство на градинарски и овошни култури предадени во регистриран преработувачки капацитет (со потврди од страната на АФПЗРР со печат, штембил и потпис) Земјоделците кои имаат пријавено единствено барање по историја на плаќање во последните три години (мало ЗС) НЕ поднесуваат барање за дополнителната мерка. Напомена. Дополнително од аплицирањето за дополнителната мерка по површина, има и дополнотелна мерка 1 денар по килограм за винските сорти на грозје. За нив нема да има аплицирање туку институционално платежната агенција ќе си ги превземе податоците, точните количини од секоја винарија или откупувач Со почит“- -се наведува во известувањето од ПЕ МЗШВ Кавадарци.

-и-домат-3 images IMG_8229