МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПИСМОТО Е ИСПРАТЕНО ДО Фатмир Битиќи Заменикна Претседател на Влада,Сања Лукаревска-Директор на Управа за Јавни Приходи Копија: Димитар Ковачевски Претседател на Влада на Република С. Македонија и Митко Јанчев Градоначалник на Општина Кавадарци

Вио писмото се вели;

Интегрален текст

„СЕДМИ ДЕН откако стоиме надвор на патот и бараме да ги исполните вашите законски обврски, да го вратите ДДВ-то за месец август чие плаќање го доцните повеќе од месец дена, а сега веќе и септемвриското ДДВ стигна за враќање.Денес е1-ви декември, ние веќе немаме здраствено осигурување, наши колеги не можат да си препишат редовна терапија, операции на наши деца не можат да се извршат заради немање здраствено осигурување, наши колешки не можат да го остварат правото на породилно отсуство..МИЛОСТИНАНЕ БАРАМЕ! Бараме да се исплати ДДВ-то што и се должи на фирмата и што сте должни по закон да го исплатите, за да може вработените да земат плата и да добијат здраствено осигурување.Покажетедоблест и грижа за нас - вашите граѓани. Ние сме ваша одговорност како граѓани, не разбираме која е целта и намерата за намерно држење на средства кои за нас се единствен извор на егзистенција.Со годиниго полневме државниот буџет, не заслужуваме ваков однос.Не бидетеслепи, глуви и неми на нашите барања.Денес повторноќе бидеме на патот Градско-Прилеп, но следната недела ќе дојдеме во Скопје пред Влада, можеби тогаш ќе го слушнете нашиот глас.НИЕНЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ, ТОА СЕ НАШИ ПАРИ, НАША ЕГЗИСТЕНЦИЈА! И НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШАТА ФАБРИКА. РАБОТЕШЕ 40 ГОДИНИ И НАТАМУ ЌЕ РАБОТИ! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ЗГАСНЕ КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО!Работнички поздрав,Миле Ѓорѓиев Претседател на Синдикална Организација на Еуроникел Индустриво име на сите работници одЕуроникел Индустри;Нова ИнжинерингНова Рефрактори ,Долина на Никелот„

-се наведува во писмото на работниците на ЕуроНикел индустри упатено до РТК.МК .,