МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Mладата Мартина Баракоска влезе во историјата на фестивалот како прва девојка која ја освоила Гран При наградата „Трајко Каров“ која се доделува на најдобриот тапанар.

Воодушевувајќи го жирито составено од еминентните рок музичари Венко Серафимовски, Кокан Пандиловски, Јане Хаџи-Наумовски и рок критичарот Тоше Филиповски, но и размрдувајќи ја кавадаречката, но и македонската публика, Кара сосема заслужено го доби признанието за најдобар бенд и се најде во друштвото на победници на фестивалот на кое уште се наоѓаат Фанк Шуи, Ептен и Хроматик Поинт. Покрај Кара, признанија добија и кавадарчаните Џоа Бенд и велешаните Оловна Рестрикција кои пак со ист број на поени го поделија второто и третото место на фестивалот. Со пласманот помеѓу првите три бендови, Кара, Оловна Рестрикција и Џоа бенд си обезбедија ексклузивна можност да соработуваат и снимаат во студијата на познати македонски музичари и продуценти, а првото место на младите кумановчани им гарантира учество на јубилејното петто издание на Т`к Так Фест и тоа како ревијален бенд кој со 30 минутен концерт ќе ги најави главните ѕвезди на фестивалот.

11953011_160879987585761_1047546039825239482_n.jpg

За разлика од бендовите, Мартина Баракоска од скопскиот бенд Астероид покрај Гран При наградата „Трајко Каров“ доби и 30,000,00 денари. Со признанија во своите раце си заминаа и славниот Канго на кого му беше врачено признанието за особена поддршка во промоцијата на демо бендовите, како и на легендарниот кавадаречки состав „Паја Бенд“ за нивниот мегахит, песната „Роза“.

kara1.jpg

Покрај натпреварувачите, годинашното издание на „Т`к Так Фест“ го одбележаа враќањето на легендарниот скопски бенд „Коцка Лед“ кој по триесетина години повторно застана на големата сцена, настапот на штипјаните „Црна Точка“, и фантастичното шоу на „Д Брадрс бенд“ кој ги обедини Живко Груевски, Слободан Антон, Ангел Георгиевски, Бубо Каров и нивниот специјален гости, Венко Серафимовски, сите познати музичари од голем број славни скопски бендови. Ревијалниот дел од годинашниот „Т`к Так Фест“ го заокружија концертите на минатогодишните победници, големите надежи на македонската сцена „Хроматик Поинт“, секогаш уникатните „Фолтин“ кои од првиот момент ја разиграа кавадаречката публика и DJ Danne Mandzikovsky со чиј настап беше заокружено годинашното издание на „Т`к Так Фест“.