МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Членовите на Кик Бокс клубот Будо од Кавадарци на меѓународниот турнир освоија 3 злата, сребро и бронза и пехар

Македонската кик бокс - маи таи Федерација на Македонија , од 3 до 5 декември во Ниш соседна Србија зеде учество на „Balkans best fighters 6“ со натпреварувачи од 13 македонски клубови. На овој меѓународен кик бокс турнир македонските кикбоксери собраа 65 медали – 20 златни, 21 сребрен и 24 бронзени. Медали по клубови освоија:Гладијатор – Неготино злато,сребро и бронза. Гладијатор-Скопје 2 злата, Будо-Велес 3 бронзи, Гладијатор-Штип 1злато, 2 сребра и 3 бронзи, Лидер освои 3 злата и 1 бронза, Максам тим освои злато, сребро и 3 бронзи, Работнички Адора освои злато 4 сребра и 5 бронзи, Шампион 2 злата 5 сребра и бронза, Куманово 1 бронза, Мај тај комбат 1бронзаТим Зоран освои 5 злата 6 сребра и 2 бронзи и Тетова злато, сребро и 2 бронзи. КБК-Будо од Кавадарци со 4 натпреварувачи настапи на овој турнир и освои 3 златни , 1 сребрен и 1 бронзен медал, со што нашиот клуб во генерален пласман се најде на 10 место во Клубски пласман од 80 Кик Бокс клубови од Балканот, и на 3 место во Клубски пласман во Кик Лајт категорија. Поединечно Мартин Илков за кој ова беше прво учество на Кик Бокс турнир освои злато во кик лајт -74кг и беше прогласен за најдобар Кик Лајт борец во Јуниорска категорија. Синиша Милошевиќ освои 2 злата во дисциплината Кик Лајт -63 кг и -69 кг за сениори, Дарко Димитриев освои сребро во Кик Лајт -63 кг за јуниори и Олгица Орешкова освои бронза во Лоу Кик -56 кг за јуниориОд соседно Неготино како членови на КБК Гладијатор на турнирот учествуваа три девојки и едно момче. Марија Јанева се закити со пехар за најдобра сениорка и освои злато во дисциплина кик лајт -65 кг, Душица Стојанова освои бронза во лоу кик -65 кг за сениори а Јадранка Темелкова заврши на 5-то место во кик лајт за кадети до 55 килограми. Роберт Костовки во дисциплина лоу кик за сениори до 67 килограми немаше среќа и поради повреда во полуфинале не можеше да се бори во финале па мораше да се задоволи со сребро.

263513282_172064098429041_1139591318201449371_n 263573475_485548412884115_7575143506184764950_n 263979346_2386049501532622_2348108283764049317_n

М.В.