Голманската легенда ке се обиде да ги однесе неготинчани во супер лигата

Легендарниот македонски голман Петар Ангелов и официјално е нов тренер РК Вардар Неготино кој настапува во првата лига. Во продолжение од сезоната тој ке има двојна улога како тренер и играч и ќе се обиде да го внесе тимот во елитното друштво.Имено Ангелов на стартот на месец декември го заврши Третиот модул на тренерските семинари во организација на РФМ и не чекаше долго време за да го прифати првиот тренерски предизвик. Ангелов доаѓа на местото на Аце Станковски на кого му истече договорот со клубот од Неготино. Со Ангелов во стручниот штаб остануваа Ратко Велјанов како помошен тренер, тука е и кондициониот тренер Горан Стојановски а популарнот Диви очекувано ќе работи и со голманите. Македонската легенда на дел од натпреварите беше човек на одлука, а ракометниот прволигаш од Неготино има амбиции да ја зачува лидерската позиција на табелата на која моментално се наоѓа и во претстојниот плеј-оф да се избори за место во Суперлигата.

М.В.

266651996_455306592721827_2092398474110780701_n