МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОКРАЈ ПОДЛОГАТА ПОСТАВЕНИ СЕ НОВИ КОШАРКАРСКИ ТАБЛИ, ОДБОЈКАРСКИ ДРЖАЧИ И МОНТАЖНИ ТРИБИНИ

Во рамките на ООУ Гоце Делчев од Неготино на отворено во училишниот двор во текот на вчерашниот ден беше поставена и промовирана новата БЕРГО спортска подлога која е произведена во Шведска и ги има сите потребни сертификати. Истата е одобрена од страна на сите светски спортски федерации.Со оваа подлога училиштето ја подобрува понудата за наставата по физичко образование а воедно оваа подлога ке може да ја користат и останатите граѓани на Неготино. Покрај подлогата се поставија и нови кошаркарски табли, потоа столбови држачи за одбојкарска мрежа како и монтажни трибини за шеесетина гледачи.Инвеститор на целиот овој проект е самото училиште.

М.В