МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Хуманитарен очен скрининг

И ова хуманитарна активност на Лајонс клубот Тиквеш беше од превентивен карактер. Се работи за откривање на рани пречки на видот кај децата во предшколска возраст. Лајонс клуб Тиквеш-Кавадарци, заедно со Др. Марија Нанева преку проектот на УСАИД и Лајонс интернешенал на 25-ти и 26- Април во детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино спроведоа хуманитарен очен скрининг на децата.Истиот беше направен на 120 деца со изведени исто толку очни прегледи. Кај 16 дечиња се откриени аномалии и истите се упатени на понатамошни прегледи со цел за навремена превенција. Покрај прегледите во Кавадарци и Неготино, планирано е акцијата да продолжи и по руралните средини.Информацијата ни ја пренесе, Марјан Ѓорѓиев - Претседател на Lions club „Тиквеш“- Кавадарци.