МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Летниот период кога и бројот на дечињата кои престојуваат во градинката е намален, раководниот тим и вработените го користат за изведување зафати во двата клона со единствена цел за подобрување на севкупните услови за престој и подобрување на условите за работа на вработениот персонал.

Како што информираше директорката Јана Коцева, во моментов се одвиваат работи и во двата клона „Мајски цвет“ и „Пролет“, а активностите предвидено е да продолжат и во наредниот период. Меѓу другото, во објектот „Пролет“ во 3 занимални во јаслениот дел извршено е лакирање и обелување, заменети се сите чешми, зафати се изведуваат во тоалетите, ходниците, скалниците, стругање и менување на врати и друго. Во клонот „Мајски цвет“ во тек е менувањето на шкафовите во сите занимални со набавка на нови, а планирани се зафати и на рамниот покрив на објектот „Пролет“, набавка на машини за садови за потребите на двата објекта, набавка на нова опрема ( бироа и столици ) за потребите на воспитниот и стручниот кадар, како и многу други активности со кои ќе се придонесе за подобрување на условите за престој на дечињата и извршување на работните активности на вработените.