МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчанецот Љупчо Настов, познат љубител на поштенски марки, и еден од ретките кај нас кој се бави со филателија, во Неготино во Градскиот музеј организира филателистичлка изложба на која присуствуваа голем број граѓани.

Инаку за помалку упатените да кажеме дена филателијата претставува собирање и проучување на поштенските марки и важи за едно од најпопуларните хобија во светот. Поштенската марка, како амбасадор на земјата-издавач, овозможува поглед во културата на земјата, нејзиното уметничко и историско наследство. Филателијата ги обединува луѓето со различни професии, политички убедувања и општествени класи, кои на ова хоби му се посветуваат заради задоволство, проширување на своето знаење, но и заради заработка.

На изложбата говореа Драгица Чекорова- дирекотор на Музејот во Неготино и авторот Љупчо Настов.