МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Здружението на слепи лица од Неготино на располагање имаат нови и опремени простории

Благодарение на одличната соработка со општина Неготино и ангажманот на градоначалникот , членовите на Здружението на слепи лица од Неготино на располагање имаат нови и опремени простории кои им овозможуваат соодветни услови за непречено реализирање на предвидените активности и настани. Ова беше истакнато на денешната работна посета на градоначалникот Апостолов и кандидатката за пратеник од општина Неготино-Павлинка Честојнова кои се запознаа со се она што го работи локалното Здружение на слепи, истакнувајќи дека во секое време им стојат на располагање да им се излезе во пресрет на нивните барања и потреби.