МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕ САНИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА „ПЕКАРЕВ“

Убавото време придонесе да се интензивира санирањето на сообраќајната инфраструктура во Неготино. Во моментов се санираат тротоарите на улица „ Пекарев“ која е една од пофрекфентните улици во централното градско подрачје .Според проектот предвидено е да се изврши замена на оштетената подлога со тампонски слој, да се прередат бекатон коцките и рабниците од тротоарите како и замена на оштетените елементи од истите. Се очекува градежните активности да завршат во рок од две до три недели. Изведувач на работите е фирмата „ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ“ - Кавадарци, а надзорот е на фирмата „МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ“ - Скопје

м.в.

153122282_732082227483048_4824210007500912079_n