МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Протестен марш и вечерва се реализираше во Неготино, пред присутните се обрати Никица Танчорова, апсолвент на применета политика и дипломатија.

-Денес ова е наш повик! Повик да го зачуваме нашето постоење, нашиот јазик и нашето битие! Нашите потомци да се сеќаваат на меконски херои и македоски песни, да се запишеме во историјата како храбар народ кој ја сакал и зачувал својата земја, а не народ кој ја предал и продал! Затоа сме овде! Затоа 30 дена неуморно и трпеливо маршира Неготино, маршираат Скопје, Ресен, Охрид... маршира Македонија, рече таа.

Маршира, нагласи, оној дел од граѓанството кој заслужува поздрав и поклон.

-Ги повикувам и другите, да се охрабрат, да бидат дел од оваа обединетост, да сме заедно, додаде Танчорова.

Македонскиот народ секогаш на крај победува, рече таа.