Гостите двапати шутнаа и постигнаа два гола, а кавадаречките напаѓачи останаа без реализација
Kавадарчани дочекаа по цели 17 години повторно да гледаат прволигашки фудбал. Заради протоколите од пандемијата вчера на натпреварот помеѓу Тиквеш и Академија Пандев присутни беа само околу 2000 љљубители на фудбалот кои сепак направија убава фудбалска атмосфера. За жал на теренот домашните фудбалери не успеаја да ги израдуваат оние присутните на трибините.
Тиквеш одигра бледо особено во првото полувреме. Гостите само два пати шутнаа кон нашиот гол и постигнаа два гола за три бода.Неиграњето на Вареловски придонесе за неколку рокади во тимот но севкупната тактичко техничка поставеност на тимот може да ја оцениме како конфузна. И во едноо вакво бледо издание Тиквеш беше подобар противник но неговите напади беа јалови и завршуваа далеку од голот на гостите. Домашните први се заканија во 19 мин по обидот на Христов.
Во 38 мин Мирковиќ упати удар но беше за малку непрецизен. И кога сите очекуваа крај на полувремето гостите го упатија првиот удар кон голот на Тиквеш. Биеше и тоа млако Мирчевски но топката на патот кон голот закачи некого во кавадаречката одбрана го смени правецот и го измами голманот Тофилоски. Само што ппочна вториот дел Пандевци зголемија на 0-2. По изведениот корнер кавадаречката одбрана беше фатена на спиење а Манев погоди за зголемување на предноста. Одтогаш Тиквеш заигра поофанзивно но изостана реализацијата. Веке во 50 мин Тиквеш можеше да намали но шансата остана неискористена. Во 62 мин за малку непрецизен беше нововлезениот Мишов. Во 76 мин и Ивановски се обиде да нали но повторно не и тој беше непрецизен. Во 82 мин уште една шанса за Тиквеш остана неискористена. Две минути подоцна Христов само потврди дека кавадаречките напаѓачи немаат свој ден.
На крај пандевци заслужено им се израдуваа на трите освоени бода на гостински терен. Во ова трето коло на останатите средби се постигнаа следниве резултати Пелистер - Шкупи 0-2, Брегалница - Шкендија 3-3, Македонија - Борец 5-1, Ренова - Борец 2-0 и Работнички - Струга 0-0Во следното коло овој викенд Тиквеш ке има тешко гостување кај екипата на Работнички.
м.в.