МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВАРДАР (Неготино) - КАДИНО 0:1НЕГОТИНЧАНИ ЗАГУБИЈА МИНИМАЛНО ОД ВТОРОЛИГАШОТ НО ПРИКАЖАА ДОБРА ПАРТИЈА

Во пријателски контролен натпревар во Неготино се сретнаа екипите на третолигашот „Вардар“ од Неготино и второлигашот „Кадино“ кој настапува во втората лига- запад. Во еден цврст натпревар во кој двете екипи влегоа би рекле и со премногу респект гостите беа посрекни и забележаа минимална победа од 0:1 а стрелец на единствениот гол беше Виктор Димков. Да напоменеме дека претходно екипата на „Вардар“ која сега ја води Никола Глигоров одигра пријателски натпревар со „Кожув“ кој заврши без победник 2:2. Според информациите кои ги добивме веке во среда неготинчани ке одиграат уште еден контролен натпревар а во Неготино ке гостува екипата на „Победа“ од Прилеп.

м.в.