МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани повторно избегнаа пораз но конкурентите прокнижија по 3 бода

Во рамките на 17 вонредно коло денеска во првата МФЛ се забележаа неколку интересни резултати. Академија Пандев беше изненадена и поразена на гостувањето кај Македонија ЃП со убедливи 4-1. Во дербито Шкупи и Шкендија одиграа 1-1 и не го искористија киксот на струмичани. Скопје, Работнички и Македонија ЃП со денешните победи направија значаен исчекор во бегството од дното. Скопје ја совлада Струга со 1-0 додека Работнички славеше во Штип против Брегалница со 1-2. И Борец славеше во Битола со 1-3 со што го закова Пелистер на последното место. Овие резултати не му одат во прилог на ГФК Тиквеш кој се врака од Тетово со голем бод откако одигра 1-1 со Ренова. Ренова прва поведе во 52 мин но 15-тина минути подоцна Тиквеш израмни со голот на Нгоба. Сега на табелата Скопје има 5, РАботнички 7, Струга 8 а Македонија 9 бода повеке од Кавадарчани

М.В.