Кавадаречките екипи за противници ги имаат есенските шампиони
Викендов ке се одиграат средбите од осминафиналната рунда од националниот куп во футсал. Паровите за оваа рунда се Јувентус Серава - Велес, Железарец - СЕЕ Университи, Црешово Топче - Карадаку, Астибо - Арбен Бајрами, Конзули КМФ - Проект, Шкендија - Енхалон а најинтересните пресметки би требало да се одиграат во Кавадарци каде гостуваат есенските прваци во првата и втората лига. Имено прволигашот Црна Река ке го пречека есенскиот првак од втората лига, тимот на Кеги Моби од Велес. Во втората пресметка четврто пласираниот тим во втората лига тимот на Клими ке го пречека есенскиот шампион од првата лига Шкупи. Се игра по еден елиминационен натпревар а победникот продолжува во следната фаза.
М.В.