МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во 19 коло ГФК Тиквеш и гостува на Македонија ЃП

Викендов стартува пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. На програмата се средбите од редовното 19 коло. Двојките се Шкендија – Струга ТЛ, Скопје – Борец, Пелистер – Работнички, Брегалница – Ренова и во дербито есенскиот шампион Шкупи го пречекува второпласираниот тим на Академија Пандев. Екипата на ГФК Тиквеш борбата за опстанок во елитата ке ја започне во Ѓорче Петров против екипата на Македонија. Да потсетиме на табелата – Шкупи е лидер со 42 бода 7 повеке од Академија Пандев и 8 повеке од Шкендија. Магедонија ЃП моментално е шеста со 27 бода колку што има и Ренова на петтото а Тиквеш е десети со 15 бодови 3 повеке од Борец и 7 повеке од Пелистер. Пред Тиквеш на деветото место е Скопје со 5 бода повеке од кавадарчани.

м.в.