МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре стартува пролетниот дел од сезоната во двете втори лиги

Фудбалските прволигаши ја продолжуваат борбата за бодови и во недела ке го одиграат 20 коло. Двојките се Борец – Шкендија, Академија Пандев - Скопје, Работнички – Шкупи, Ренова – Македонија ЃП и Струга ТЛ – Брегалница. Најинтересно се очекува да биде на градскиот стадион во Кавадарци каде во недела од 14 часот се игра дербито на дното. Тиквеш во потрагата по бодови го пречекува последно пласираниот Пелистер. Ако сеуште размислуваат за опстанок во елитата тогаш кавадарчани имаат само една опција на овој дуел а тоа е победаУтре стартува пролетниот дел од сезоната и за второлигашите. На истокот двојките се : Локомотива – Детонит, Братство - Победа, Слога – Кит Го екипа која си го смени името и во продолжение ке настапува како ФК Пехчево, Осогово – Беласица и Саса – Кожув. Паровите во западната конференција се Силекс – Гостивар, Охрид – Вардар, Кадино – Воска, Тетекс – Кораби и Беса – Велешта.

м.в.