МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во среда ке се одиграат одложените средби од првата лига како и вонредното 3 коло од третата лига - југ

Поради снежни врнежи и лоши временски услови пет средби од 22 коло во ПМФЛ беа одложени и ке се одиграат утре среда со почеток од 14 часот. Станува збор за натпреварите Академија Пандев – Борец, Струга ТЛ - Македонија ЃП, Работнички - Шкендија, Брегалница - Пелистер и Ренова – Шкупи. Единствен натпревар од ова 22 коло кој се одигра беше средбата Тиквеш – Скопје кој кавадарчани го добија со резултат 3-0.Утре ке се одиграат и средбите од вонредното трето коло од ТМФЛ група југ. Марена на домашен терен ке го пречека Питу Гули од Крушево. Росоман ке биде домакин во дуелот со Обршани, а Возарци ДМД ке му гостува на тимот на Динамо а и двете екипи ке бркаат прва победа. Фаворитот Превалец ке го пречека тимот на Младост од Кривогаштани а Слога во Лажани ке игра со Големо Коњари. Во четврток во Неготино ке се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Ново Црнилиште а тимот на Бучин ке биде слободен бидејки Напредок од Крушеани се откажа од натпреварувањето

Мики Виденовиќ