МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Немили сцени, инциденти и расистички испади на дербито помеѓу Шкендија и Шкупи

Во претпоследното прволигашко коло Тиквеш загуби во Штип од Брегалница со 1-0 во натпревар без многу жар и без непотребни ризици. Кавадарчани со мислите веке се во баражот и само размислуваат како во истиот да бидат комплетни. Немили сцени на дербито помеѓу Шкендија и Шкупи кое заврши 0-0. Заради нападот врз гостинските фудбалери како и инцидентите со удрени гости, помошен судија, тепачки и расистички испади Шкендија мора да заработи најголема можна казна.Македонија ЃП киксна дома и загуби од Струга ТЛ со 1-3 . Во дербито на дното Пелистер го совлада Борец со 2-1 а Ренова го доби Скопје со 2-0. Академија Пандев со победата над Работнички од 2-1 си ја обезбеди вицешампионската титула и место во европаВо третата фудбалска лига група југ на програмата беше16 коло. Вардар Неготино славеше нагости кај Ново Црнилиште со убедливи 0-5 и остана прв на табелата без пораз. Превалец ги следи неготинчани со 3 бода помалку а во ова коло славеа со 3-6 нагости кај Младост. И Росоман славеше гостинска победа од 0-3 против Обршани и остана на 4 место со 8 бода помалку од лидерот а само бод помалку од Питу Гули кој со 2-0 го победи тимот на Марена. Динамо со 2-0 го победи Возарци ДМД а Големо Коњари на домашен терен одигра само 1-1 со Слога.

viber_image_2022-05-09_11-01-01-246

М.В.