МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новата сезона во ПМФЛ стартува на 6 односно 7 август со 12 екипи кои ке играат 33 кола

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Првенството ќе брои дванаесет екипи а непознаница беше учеството на Ренова, за која и натаму не се знае дали ќе биде дел од претстојниот шампионат или не. Сепак, „гипсарите“ се најдоа во жрепката и се извлечени во протоколот за првото коло на најсилната македонска лига а според информациите се очекува во новата сезона главно да играат со младински состав. Фудбалерите на Тиквеш како и миннатата сезона и оваа ке ја стартуваат против бранителот на титулата. Новата натпреварувачка сезона во Македонија започнува на 7 август со средбите од првото коло. На градскиот стадион во Кавадарци ГФК Тиквеш ке го пречека Шкупи, Академија Пандев во Струмица ке игра со Брегалница, Шкендија го пречекува Скопје, Работнички патува кај Силекс, Македонија ЃП ке игра со Ренова а повратникот прилепска Победа ке и гостува на Струга ТЛ. Исто како и минатата сезона ке се играат вкупно 33 кола, по единаесет во сите три круга

M.В.