МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките кошаркари заслужија победа која ја осигурија дури во последните секунди иако водеа во текот на целата среба со Охрид АВ.Средбата ја добија со 86-81.Во третата и четвртата четвртина имаа разлика и 15 кошеви.Но сепак во финишот предноста се стопи и победата беше доведена во прашање.Сепак борбеноста се исплати и во неколкуте напади на крајот на средбата ја осигурија ова значајна победа за кошаркарите на ФЕНИ.Тоа беше пресудно на крајот,последните две минути.Мудри совети од клупата и борба за секоја топка.Честитки за тренерот Малинков и за кошаркарите кои играа со срце на натпреварот.