МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ПОТЕШКО ОД ОЧЕКУВАЊАТА СТИГНАА ДО СТАРТНА ПОБЕДА

Конечно стартуваше новото кошаркарско првенство на Македонија. Кавадаречките кошаркари во првото коло му гостуваа на вториот тим на „МЗТ Скопје“ каде дури во самиот финиш на дуелот кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, кавадарчани го скршија отпорот на младиот тим на домаќинот. По нецели пет минути, домашната екипа веке водеше со 14-4. По тајм аутот кавадарчани намалија на 19-16. а првиот период МЗТ Скопје 2 го доби со 23:19. По две минути игра во втората четвртина, „Еуро Никел“ направи мини серија од пет поени и поведе со 23-24. Но младите скопјани се вратија брзо и повторно поведоа со 34:28 по 14.минути од играта. Сепак кавадаречките кошаркари максимално ги користеа грешките на домакинот па на полувреме се замина со 39-46 за гостите.Третиот период им припадна на скопјани кои го свртеа резулатот на 65:60 во своја корист. Во последните три минути од средбата „Еуро Никел“ влезе со предност од пет поени 69-74. На 11. секунди пред крајот, Савичевиќ не го погоди шутот за потенцијално израмнување, па резултатот остана истиот 75:78. Некоја секунда подоцна, Соколов, од линијата за слободни фрлања, само ја потврди победата на кавадарчани со 75-79.Мијатовиќ со 23 и Соколов со 18 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека први стрелци на МЗТ 2 при овој пораз беа Тодоровски со 18 и Изабел со 17 постигнати поени.

Во останатите средби во големото дерби „Работнички“ го совлада „МЗТ Скопeј„ со 94-90. „Куманово“ се мачеше на гости кај екипата на „ТФТ“ и на крај срекно победи со 82-83 додека изненадувањето го направи тимот на „Академија ФМП“ која го совлада фаворизираниот тим на „Гостивар“ со 84-75. Средбите „Кожув“-„Пелистер“ и „Вардар“-„Црн Дрим“ се одложени поради тоа што во тимот на „Вардар“ тестовите од корона вирусот покажаа дека има 1 позитивен а кај „Пелистерци“ дури 3.

https://www.youtube.com/watch?v=ou71JxLhk6I&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3ATelrJwkdKqq7x_3GmTFTYdBRDm9p7aHQN-DSwwsw6iTQG4qALsy7SdA&ab_channel=MZTSkopje