МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СО ПОБЕДА, КАВАДАРЕЧКИТЕ КОШАРКАРИ, КОЛКУ ТОЛКУ КЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ ПО ДЕБАКЛОТ ОД ПЕЛИСТЕР

Во рамките на редовното 17 коло во првата машка кошаркарска лига се очекуваат неколку интересни дуели. Кошаркарите на „Еуро Никел“ ке сакаат да се рехабилитираат од дебаклот кој го доживеаа во средата кога беа прегазени од „Пелистер“ на домашен терен. Во Кавадарци утре од 16 часот ке гостува екипата на „Црн Дрим“ од Струга.Најинтересно би требало да биде во Гостивар каде истоимената екипа ке го пречека лидерот „Пелистер“ во обидот да ја сопре победничката серија на битолчани. Вториот неизвесен натпревар ке се одигра во Куманово каде истоимената екипа ке го пречека „Работнички“. Кумановчани се благи фаворити заради домашниот терен и замореноста на центарци од настапот во АБА 2 лигата.. „ФМП“ ке има тешка задача на домашен терен да му парира на „МЗТ“.„ТФТ“ не би требало да има посериозни проблеми со екипата на „Вардар“ а средбата „МЗТ 2“ - „Кожув“ ке се одигра во недела.

М.В.