МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СРЕДБАТА КРИВА ПАЛАНКА - ПРОБАСКЕТ Е ПРОЛОНГИРАНА А ЕКИПАТА НА ТРОКАЛ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЧЕКА ПАНТЕРИ

Во изминатото 13 коло екипите од првата женска кошаркарска лига кои важат за фаворити забележаа убедливи победи. Во групата исток екипата на Баскет КАМ немаше проблеми на гостувањето кај МЗТ Скопје 41:100, додека на вториот натпревар од оваа група Крива Паланка лесно го совлада Куманово на гостински терен со 28:67.Во западната група Работнички ја задржаа првата позиција на табелата откако убедливо го поразија Трокал 76:32.Во оваа група, битна победа забележа екипата на Гостивар на гостувањето кај Пантери со резултат 47:52. Денеска треба да се играат средбите од 14 коло. Вардар ке игра со Куманово, додека средбата Крива Паланка - Про Баскет е одложена. Имено паланчанки имаат заостанат натпревар со лидерот Баскет Кам а од исходот на оваа средба зависи и конечниот изглед на табелата односно дали Крива Паланка или Про Баскет ке играат во плеј офот.Во западната група, Трокал треба да ги пречека Пантери, Гостивар игра со Шкупи а Бадел со Струга.

М.В.