МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИТЕ КОШАРКАРКИ НЕ УСПЕАЈА ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА МЕСТО ВО СУПЕРЛИГАТА

За жал, паднаа во вода надежите на девојките од екипата на Пробаскет дека сезонава ке се изборат за место во суперлигата и да разигруваат за шампионската титула.

На нашите девојки им беше доволен и пораз на гостувањето во Крива Паланка но не повисок од 7 коша. Сепак домашните кошаркарки го решија натпреварот во своја корист со убедливи 93:65 и така си ја потврдија третата позиција во групата - исток. Од претходно беше познато дека од оваа група понатаму одат и екипите на Баскет КАМ и Вардар кои треба да го одиграат меѓусебниот дуел што нема да промени многу. На Западот пак покрај Бадел и Работнички, екипата на Струга ќе биде дел од Суперлигата.Во вториот дел од првенството овие шест екипи во Суперлигата со пренесени бодови од првата фаза (по десет одиграни кола) треба да ги дадат четирите кои ќе играат во Плеј-офот и ке се борат за шампионската титула.

М.В.