МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

MKK ЕУРОНИКЕЛ - КОЖУВ ВО СРЕДА ОД 16 ЧАСОТ НА РТК.МК

Откако се одиграа сите 22 кола од првиот дел на кошаркарската сезона во првата лига мажи, иако има да се доиграат уште 26 средби, сепак КФМ се одлучи на еден несекојдневен потег а тоа е среде сезона да го смени најавуваниот систем на натпревари. Откако разговараа со претставниците на Здружението на Прва лига-мажи и по добивањето на мислења од сите екипите учесници федерацијата сепак се одлучи да го смени системот за натпреварување за тековната натпреварувачка сезона.

Десет од 12 клубови учесници се за предлогот да не се игра втората фаза од Првата лига-мажи, односно Супер лига и Плеј аут лига, и директно да се премине на третиот планиран дел, плеј офот во кој би учествувале осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството. Плеј аутот би се реализирал со учество на четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната, каде би испаднале две екипи. Натпреварите од плеј-офот односно плеј-аут лигата би се одвивале во т.н. „балони“, а сите трошоци за реализација на турнирите би ги покрила федерацијата. Предлог е натпреварувањето да се одвива во четири одвоени турнири, преку кои ќе се реализираат четвртфиналните, полуфиналните и финалната серија на плеј-офот, како и плеј-аут турнир по кој ќе бидат познати и двете екипи кои би се преселиле во втората лига. „Балоните“ би се одиграле во периодот од 17 мај до 10 јуни кога би го добиле новиот шампион.

Пелистер и МЗТ беа делумно согласни со предлогот со дополнително барање во плеј-офот да разигруваат првопласираните шест екипи (наместо предложените осум) од регуларниот дел на оваа натпреварувачка сезона. Сезоната продолжува со одигрување на заостанатите средби па така денес ке играат Работнички - Куманово, а утре Гостивар - МЗТ И ЕуроНикел 2005 - Кожув. Средбата во Кавадарци се игра утре, среда 7 април со почеток од 16 час и директен пренос на ртк.мк.

Да напоменеме дека ваквите промени во системот на натпревари одат во прилог на некои клубови додека другите на некој начин би биле оштетени. На пример Пелистер и ТФТ попусто ангажираа странци од првиот момент и имаа блескава сезона кога некој во моментов послаб тим сега ке ангажира 3-4 квалитетни засилувања за период од само 1 месец и ке биде сериозен претендент за шампионската титула.

М.В.