Кавадарчани повторно имаат тим за високи дострели кој треба да ги задржи во врвот на македонската кошарка

Викендов стартува новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига а првото коло ќе биде распоредено во три дена поради настапот на две наши екипи во ФИБА Европа купот оваа недела. Кавадаречките кошаркари на отварањето на сезоната утре, сабота од 18 ч. ке го пречекаат тимот на Гостивар. Еуро Никел и сезонава состави респектабилен состав од кој се очекува да остане во врвот на македонската кошарка. Публиката се вракка на трибините но само вакцинираните можат да го следат натпреварот во живо. Утре се играат и средбитеМЗТ 2 - Работнички, и Феникс - ФМП. Во недела на програмата е дербито Пелистер - МЗТ а во понеделник се играат натпреварите Куманово - Ангели и Кожув - ТФТ.

М.В.