МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нашите кошаркарки со порази го стартуваа европското првенство - Б дивизија

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз на стартот на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во Софија. Во првото коло, нашите млади кошаркарки загубија од Португалија со 27-94. Во нашите редови најефикасна беше Марија Николов со девет поени. Во второто коло нашите девојчиња загубија од Луксембург со 55-91. Единствената македонска кошаркарка што беше на нивото денеска беше Михаела Алексовска која постигна 22 поена, а оствари и 7 скока и 4 асистенции. Денеска нашата селекција ке се сретне со Велика Британија по што ке ни преостане натпреварот со Хрватска

Мики В.