МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пробаскет убедливо поразерн од Бадел а Трокал ја прокнижи и втората победа

Во ПЖКЛ без поголеми изненадувања во тековните кола. Во елитната група А, екипата на Пробаскет очекувано загуби нагости кај фаворитот за титулата Бадел со убедливи 104-30. Вардар требаше добро да се намачи на домашен терен против Струга за конечни 63:61.Актуелниот шампион, екипата на Баскет Кам славеше на гостувањето кај Работнички со 65:86, а чекорот со водечките екипи го одржува и Крива Паланка, која исто така, на гостински терен, беше подобра од МЗТ со 47:62. Во следното коло Пробаскет ке го пречека тимот на СтругаВо групата „Б“, три екипи со по две победи во првите две одиграни кола. Кавадаречки Трокал беше далеку поквалитетен ривал од Патриот и на домашен терен победи со убедливи 83:62. Тим Арена беше подобра од Куманово со 56:40 додека пак „најтесно“ победи Гостивар, против новиот тим во Првата лига, Гризли со 57:61. Риниа пак лесно го доби Мега Баскет со 72:47. Во следното коло Трокал му гостува на Шкупи.

М.В.