МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во следното 15 коло повторно дома , Еуроникел ке го пречека ФМП

Кошаркарите на Еуроникел утре ке го одиграат презакажаниот натпревар од 13 коло а во Кавадарци ке гостува екипата на ТФТ. Веднаш потоа ке се продолжи со 15 коло кое ке биде специфично според датумите на одигрување. Имено ова редовно 15 коло ке стартува денеска со средбата Куманово – МЗТ. Утре својот натпревар ке го одиграат Кожув и Пелистер. Во недела на 6 февруари ке се сретнат МЗТ 2 и ТФТ, а во вторник 8 февруари во Кавадарци ке се сретнат Еуроникел и ФМП. Работнички и Гостивар својот натпревар ке го одиграат на 15 февруари додека Ангели и Феникс ке играат на 24 февруари. Кавадаречките кошаркари доколку слават во двете средби кои ги играат на домашен терен на сите ке им стават до знаење дека местото им е меѓу екипите кои ке разигруваат за титулата.

м.в.