Кавадарчани му гостуваа на Гостивар и ги пропуштија своите шанси и загубија со 106-105.

Кошаркарите заминаа на кратка пауза.

Во редовното 12 коло викендов се постигнаа следниве резултати Работнички - МЗТ 2 87-89, Ангели - Куманово 76-104, ФМП - Феникс 95-75 и ТФТ - Кожув 101-84.Големото дерби денеска ке го одиграат водечките екипи а во Скопје МЗТ Скопје го пречекува Пелистер. Кошаркарите на Еуроникел имаа тешко гостување кај Гостивар. Во еден израмнет натпревар кавадарчани пропуштија победа во регуларниот дел кој заврши 79-79. Еуроникел можеше да победи и по првите 5 минути но сепак се играше и второ продолжение во кое срекно до победата стигна Гостивар за конечни 106-105.На пауза заминаа и кошаркарките. Во елитната група А во домашното првенство се одиграат средбите од 11 коло а фаворитите очекувано славеа. Кошаркарките на Пробаскет ја запишаа и 11 нула откако загубија на гостувањето кај Струга со 69-45. Во останатите средби Работнички - Бадел 61-93, Вардар - Кр. Паланка 86-65 и МЗТ - Баскет Кам 65-73. Есенски шампион е Бадел кој е без пораз. Пораз нема ниту есенскиот шампион во групата Б екипата на Трокал која го одигра заостанатиот натпревар со Риниа. Кавадарчанки славеа со 69-21 и ја забележаа 8 победа во исто толку натпревари. Ако на овој скор го додадеме и оној од натпреварите во М18 каде Трокал настапува со кроз истиот состав и засега и таму се без пораз. Значи и повеке од берикетна полусезона за младите кавадарчанки.

М.В.

download