МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кошаркарите на ЕуроНикел со кош во последната секунда загубија од Чаир со 74-73

Кошаркарите викендов одиграа дел од 3 коло. Куманово со 92-78 го совлада Кожув, Гостивар со 90-83 го доби ТФТ а Еуроникел непријатно ги изненади сите откако со 74-73 со кош во последната секунда загуби од новајлијата Чаир. Струмица со 98-92 го победи Феникс, а денес ФМП го пречекува Пелистер и во среда ке се одигра вечното скопско дерби помеѓу Работнички и МЗТ.Во рамките на второто коло кај третолигашите Пробаскет убедливо загуби нагости кај Маџари со 96-52 а Спорт Тим во Неготино со 88-98 беше поразен од МКК Вардар.Кај девојките во рамките на второто коло во групата А се постигнаа следниве резултати Кр. Паланка - Бадел 42-78, МЗТ - Вардар 71-79, Струга - Гризли 71-57 и Баскет Кам - Пробаскет 83-34. Во групата Б, Куманово - Патриот 28-54, Спорт Тим - Пониква 46-97, Риниа - Шкупи 43-80 а екипата на Јан Бор загуби на гостувањето кај Гостивар со 48-36.

М. В.