МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кошаркарскиот клуб Фени Индустри од Кавадарци во новата сезона ќе настапува и во балканската Сигал-Уника (БИБЛ) Лига.

Oва официјално го соопштија од клубот a во писмото до медиумите се истакнува дека -“Кошаркарскиот клуб „Фени Индустри“по пауза од четири години, во новата натпреварувачка сезона покрај во домашното првенство ќе настапува и во балканската Сигал-Уника (БИБЛ) Лига.

Одлуката за учество во балканската лига е донесена по интензивните преговори со челниците на ова натпреварување, кое во изминатите години го потврди високиот квалитет и одлична организација.

Кошаркарскиот клуб Фени Индустри со триумфот во балканската БИБЛ лига во сезоната 2010/2011 стана првиот, и сеуште единствен македонски тим кој на Македонија и македонската кошарка и донел шампионски пехар од интернационално клубско натпреварување“,се вели во соопштението од КК„Фенеи-индустри“.