МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 02.11.2020 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа 35 седница на која беше донесена одлука за доделување на награда „7-ми ноември“ и признанија за 2020 година. По повод 7-ми Ноември, денот ослободувањето на Општина Демир Капија, а за постигнати остварувања што претставуваат посебен придонес за развој и унапредување на општината за нејзин севкупен напредок и афирмација, наградата “7-ми Ноември“ за 2020 година се доделува на: 1.КАЈАКАРСКИ КАНУ КЛУБ ПРОСЕК Демир Капија за особени остварувања во областа на спортската дисциплина кајакарство, афирмација и промоција на општина Демир Капија. Признанија се доделуваат на: 1.Јавно претпријатие за комунални работи БОШАВА Демир Капија, за особени заслуги и придонес во превенција и заштита на населението од ширење на корона вирусот во општина Демир Капија 2. Друштво за производство трговија и услуги КОРОНА Душко ДОО Неготино, во знак на благодарност за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош 3. Здружение за хуманитарни цели СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ Струмица, во знак на благодарност за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош 4. ПЕТАР МИЛОШЕВИЌ од с.Корешница, за посебен придонес во унапредувањето и развојот на спортот во с.Корешница. Наградите и признанијата ќе бидат врачени на свечената седница на Советот на Општина Демир Капија која ќе се одржи по повод 7-ми Ноември, Денот ослободувањето на општина Демир Капија.