Сесијата беше во организација на Регионалната стопанска комора и „Епицентар Интернационал“

Со цел информирање на компаниите и институциите за подобра усогласеност со законската регулатива преку детектирање на промените што би сакале да ги видат во соодветните регулативи, во Кавадарци се одржа инфо-сесија на Регионалната стопанска комора и „Епицентар Интернационал “. Оваа сесија е во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регултаива“, а се однесува на законстката регулатива и правната усогласеност која ги засега малите и средни претпријатија.

Законската регулатива од областа на даноците и царините, Законот за животна средина, работните односи, како и Законот за безбедност и здравје при работа беа темите на денешната инфо-сесија.

Ваквите информативни сесии претставуваат можност да се соберат значајни податоци за најгорливите проблеми на компаниите во овие области. Истовремено добиените податоци да се искористат за развивање на соодветни проектни активности.

Искустовото кое што ќе произлезе од ваквите настани ќе се искористи за подобрување на јавно-приватниот дијалог во државата во претстојните години во кои ќе се спроведува проектот.

Изјави на :Ирена Мојсовска-советник Стопанска комора на Македонија, Славко Лазовски и Никола Наумов .