МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дојдете на концерт–помогнете на едно кавадречко семејство

Група ученици од основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“, преку програмата Црвен Крст во Акција „Промоција на Хуманите Вредности, циклус 2017 година“, го организираат овој хуманитарен настан - концерт во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ .Основна цел е да помогнат на еден ученик вклучен со инклузија во настава и неговото семејство, за подобрување на условите во домот.

Хуманитарниот концерт ќе се одржи во среда, 12.април 2017 година, со почеток во 19:30 часот.

ВЛЕЗ: 50 денари

Бидете хумани! Ве очекуваме !