МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Штетите од невремето да се пријавиваат кај Општинската комисија за проценка на штети

„Се повикуваат граѓаните на кои невремето проследено со обилен пороен дожд, интензивни електрични празнења и силен ветер им има нанесено штета, истата да ја пријават во Општината.Пријавите се поднесуваат во канцеларијата на Граѓанско информативниот центар. По приемот на барањата Општинската комисија за проценка на штети од невреме ќе излезе на самото место да ја утврди евентуално настанатата штета, по што ќе следи законска постапка за општинска помош.Барањата за проценка на штета од невремето се примаат секој работен ден во периодот од 8:30ч. до 16:30 часот во Канцеларијата на Граѓанско информативвиот центар, кој се наоѓа во приземјето во зградата на Општината“-, се вели во соопштението до медиумите упатено од Службата за односи со јавноста на Општина Кавадарци-Локална самоуправа.