МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ако се продолжи со сегашниот тренд на вработување, Кавадрци ке го достигне европскиот процент на невработеност од само 5 насто.

Ова денеска на новинарите им го изјави Благојчо Борисов-раководител на Центарот за вработување Кавадарци.

Најавувајќи го утрешниот Саем за вработување Борисов рече дека во моментов во Кавадарци на евиденција има 2050 пријавени неврабиотени лица, што е 10 насто невработеност и е најнизок во земјата.Дефицитарни се кадрите; лекари, технички науки, електро и машински инжинери, кои , ако се пријават на евиденцијата имаат можност за вработување веднаш.

-Во моментов актуелна е мерката за активно враборување по огласот кој трае од 29 мај до 16 јуни.Се работи за средства кои неповратино ги обезбедува Агенцијата за вработување а е наменета за сите заинтереисрани идни бизнисмени, кои сакат да формираат и активираат своја фирма, вели Борисов.

-Во кавадаречко секоја година во лето проблем е обезбедувањет на сезонска работна сила.Ова прашање е изразено осебено кај фирмите од аграрот.Тие се принудени да вработуваат лица од други општини со цел да ги завршат неопходните земјоделски активности, додава Боросов.

Инаку Центарот за вработување Кавадарци кој актиувно фунционира од 1970 година ова година доби темелно реновирање на просториите со целокупната инфраструктура потебна за функционирање на ваков објект.Работено е на 534 м2 кој сега се максимално функционални и ставени во функција за работа: на обуки, информации и други фирмалности кои се вршат секојдневно во кавадаречкиот центар за вработување.

Саемот за вработување во Кавадрци започнува утре во 10 часот, и на него работодаваците и невработаните ке можат на лице место да се договорат за евентуалните ангажирање .Повеке од се ке се добијат неопходните информации за сите активни и други мерки кои нудат можност невработените да си го решат животото прашање, а фирмите го добијат неоходниот кадар од кој имаат потреба.