МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ова реномирана велоспипедска трка годинава доживеа повраток.В година ке биде меѓународна

Во организација на Општина Кавадарци, Општинскиот сојуз на спортови на Кавадарци и Велосипеднска организација на Македонија во Кавадарци вчера се возеше Ваташкиот меморијал, велоспедска трка која досега е одржана 37 пати.

Велоспедскската федерација со Општина Кавадарци имаат намера в година трката да стане меѓународна.

По неколкугодишна пауза „Ваташкиот меморијал“ станува дел од Државното друмско првенство.

Tрката која се возеше на потегот Кавадарци - Дреново - Росоман - Кавадарци, на патеката која беше оценета како исклучително интересна брза со неодолив мирис на зрели праски, видовме околу 70-тина велосипедисти од повеќе македонски клубови. По заедничкиот старт, први од групата се одвоија сениорите, кои наметнаа посилно темпо, па првите 33 километри беа совладани за нешто помалку од 45 минути. Виктор Ванчевски од МВК Велес во кадетска и Анета Антовска од Оксижен во женска конкуренција први ја поминаа целта со високо кренати раци по изминати 66 километри. Возбудлив беше финишот во мастерс во кој искусниот Зоран Ристовски повторно ја потврди својата класа, радувајќи се на нова победа. На прво место на пиедесталот се искачи и јуниорот Кристијан Ванчевски од МВК Велес, додека во сениорска конкуренција Стефан Петровски и Никола Ѓурич ја потврдија доминацијата на Вело М, пред Михаил Тасевски од Оксижен кој заврши како трет. Покрај медалите, победниците во сите конкуренции ги понесоа и насловите за шампиони на Ваташкиот меморијал и државни прваци, но и освоија важни бодови во генералниот пласман.

По завршувањето на сите трки, следуваше и официјално доделување на медалите, кои на најуспешните им ги врачи Боро Ѓорѓиев, претседател на Сојузот на спортови на општина Кавадарци, кој пак заедно со претставници од федерацијата положи и свежо цвеќе на споменикот во месноста Моклиште пред самиот почеток на трката

(видео прилог)