Ова го соопшти Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица, надлежна за подрачјето на општините Кавадарци и Неготино.

-Евидентирани се 40 пожари на отворен простор или шуми, како и 75 во затворен простор. Имавме и десет интервенции. Во осум случаи стануваше збор за носење вода, а во два случаја за помош при сообраќајки, соопшти Богевски.