МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Неговото Високо преосвештенство, Митролитот АГАТАНГЕЛ денеска престојуваше во Кавадарци и заедно со светениците и старешината Мартин Деневски направи увид во работите околу обновата на црквата „Свети Димитрија“кои неодамна ги започна опертивата на ГП „Градба Промет“ -Кавадарци.

Тој нагласи дека со божја помош и промисла Епархискиот управен одбор заедно со свештенство од Кавадрци решил црквата посветена на Светиот Великомаченик Свети Димитрија да биде обновена.

Црквата „Св. Димитрија“е изградена 1830 година и бидејки во тоа тешко време нашиот народ бил под ропство со дозвола на султанот се изградила црквата, и затоа таа се наоѓа како во дупка.И дале многу краток временски рок да ја изградат.Истовремено требало да не биде повисока од околните објекти.

Се гледа дека е доста стара и веке не е во добра состојба. Иконите , фрескоживописот ,иконостасот се остарени неупотребливи и одлучивме да ја обновиме и да ја направиме поубава исто како црквите во нашата држава.

Според проектот треба се да се прави и иконостасот и иконите а исто така самиот објект да го прошириме.Карабина црквата ке биде готова до декември 2015.Потоа ке следува работа и во внатрешниоит дел со добри мајстори, вели Владиката Агатангел.

Граѓаните и правните лица можат со свои доброволни средства да учествувата во обновата на црквата „Свети Димитрија“ со уплати на жиро сметката на Комерцијална банка; 300040000150481

Инаку Владиката Агатангел денеска ги извести сите верници дека духовниот живот во црквата „СВ Димитриј “продолжува,без разлика на тековната обнова. Можат верниците да си дојдат на празници,за причест, за литургија, за крштевка, на парастас, за големи и мали молитви, за исповед и други духовни потреби за што има услови и место за тоа, освен венчевнките кои се обавуваат во новата црква „Св.Петка“.

Тие што се ожалостени и според нашите обичаи можат да се организираат помени , поради што кујната нормално ќе работи.