МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Чинот на осветувањето го изврши Митрополитот Повардарски Агатангел

Денеска беше осветена новоизградената црква "Света недела" во кавадаречкото село Брушани. Драган Ристов , претседател на селската месна заедница и член на Црковниот одбор, се заблагодари на сите кои ја помогнаа изградбата на оваа црква, чија градба започна во март 2013 година.

-Ние не застануваме тука. Како и досега, така и отсега ќе работиме во насока на подобрување на животот за сите оние кои постојано живеат тука или доаѓаат повремено во своите викендички, нагласи меѓу другото Ристов.

Во присуство на голем број верници, со осветувањето чиноначалствуваше владиката Агатангел, митрополит Повардарски.