МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Редакцијата на порталот www.rtk.mk вчера доби порака упатена од нашите пријатели од навивачката група „Лозари“-најактивната подгрупа „Бригада 12“. Во пораката се вели:

-“Во периодот кога сите се грижат за самите себе,ние се одлучивме да се погрижиме за тие на кои му е најпотребно.Со таа мисла,во која хуманоста и човечкиот живот ни се на прво место,одлучивме дека е идеално време да организираме крводарителска акција.Ги покануваме сите кои се во можност,од средношколци,вработени и невработени,до пензионери да не подржите во оваа животоспасувачка акција.ВО овие студени денови,да бидеме жар која ке стопли многу срца и ке спаси многу животи.Навивачката група Лозари,преку својата најактивна подгрупа БРИГАДА`12 ве повикува на крводарителска акција која ке се одржи во просториите на Собрание на Општина Кавадарци на 05.12.2016 –со почеток од 09:00 часот и ке трае се до 14:00 часот !! Да спасиме човечки живот,да бидеме хумани.“

Немаме коментар, освен да изразиме задоволство на иницијативата и да ветиме дека ке ги подржиме во ова хуманитарна акција која ке ја следиме, од најавата до нејзиното завршување.

Респект млади крводарители.